Плинска боца предизвикала пожар во соба од семејна куќа во Куманово, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи.
Во билтенот се наведува дека територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала вчера, во 16:50 часот, на пожар во семејна куќа во населбата Карпош на улицата „111“. Во пожарот нема повредени лица.
– Зафатена била само собата на куќата кај што била плинска боца, противпожарната единица делувала во гасењето на пожарот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, соопштија од РЦУК Куманово.
Пожарот бил локализиран и завршен во 17:50 часот. Повредени нема во експлодираната плинска боца, причината, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.