На 11.10.2020 во 10.30 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Полициската станица Битола, врз основа на судска наредба, го привеле В.А.(40) од Битола за доиздржување казна затвор од една година и два месеци во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп.

За него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осуден на две години и седум месеци затвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2020 15:51