Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија на возраст од 21 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, на 10 октомври, годинава при извршен личен претрес кај осомничените, а подоцна и извршен претрес во нивното престојувалиште, полициски службеници пронашле вкупно 226,1 грама наркотична дрога – марихуана, Осомничените ја набавиле дрогата со намера да ја продаваат во Гостивар и околината.

По донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар достави предлог на осомничените да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените со Решение им определи притвор во траење од по 30 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2020 20:26