Шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе размислува да се раздели со својата скапа sвезда Еден Азар, пренесуваат шпанските медиуми. Белгиецот, кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ едвај минатото лето, веќе е поврзуван со трансфер далеку од Мадрид, откако не успеа да ја импресионира управата на клубот.

Азар пристигна во Реал за 100 милиони евра од Челси, но од повеќе причини разочара со неговиот настап. Белгиецот често пати страда од повреди, а во последно време ги налути своите шефови затоа што замина со репрезентацијата на Белгија наместо да се фокусира на неговата игра на клупско ниво.

Ова не е прв случај во кој Реал подготвува разделба со скапо засилување, кое разочара со својата игра во клубот. Пред него иста судбина имаа и играчи како Хамес Родригез, кој исто така пристигна за огромна сума, но не ги оправда очекувањата од една или друга причина.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2020 20:55