Евертон минатиот преоден рок испрати понуда за голманот Серхио Ромеро, но Манчестер Јунајтед не ја прифати.

Според „Атлетик“ Евертон понуди два милиони евра за изнајмување и беше подготвен да му ја исплати целата плата на чуварот на мрежата.

Сепак, Манчестер јунајтед сака да добие најмалку 8 милиони евра за Аргентинецот, чиј договор истекува летото 2021 година.

Во сезоната 2019/20, Ромеро забележа 17 настапи за Манчестер јунајтед и прими 12 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2020 21:25