Министерството за внатрешни работи денеска на територијата на Велес спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот.

Како што информираше портпаролот на МВР Тони Ангеловски, изречени се вкупно 137 санкции, меѓу кои 10 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 29 за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци на мотоциклисти, три за возење под дејство на алкохол, а изречени се и 11 санкции за неносење заштитна маска.

Тој најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцираше Ангеловски



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2020 01:39