Во Неготино вчера околу 11:50 часот, бил пронајден починат 42 -годишен неготинец. Починатиот неготинчанец бил најден во куќата на неговиот брат, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Неготино, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, појасни Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2020 02:23