Скопје, 12 октомври 2020 (МИА) – На 11.10.2020 во 10.40 часот на место викано „Дабче“, во атар на с.Мренога, од полициски службеници биле затекнати во криволов Ј.Е.(45) од с.Жван, А.Ј.(48) од с.Вардино, М.К.(51) и З.Д.(52) од Демир Хисар.
Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.228 од Кривичниот законик.