На 11.10.2020 во 18.00 часот во Полициско одделение Велушница-Битола, А.С.(41) од с.Дрслајца, струшко, фудбалски судија, пријавил дека околу 15.45 часот во с.Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола, Ј.Ќ.(23) и А.М.(32), двајцата од с.Грнчари, ресенско.

Додека Ј.Ќ. пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во с.Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, помошник фудбалски судија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2020 02:28