На 11.10.2020 околу 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, наспроти „Мајчин дом“, бил лишен од слобода Т.Ј.(30) од Скопје, затоа што нападнал полициски службеници кои преземале мерки по пријава дека насилно се однесува и го крши инвентарот во продажен објект на истата локација, а за истиот било пријавено дека околу 19.50 часот физички ја нападнал и А.Т.(50) од Скопје.
Пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.