Тетовските пожарникарите изгасија пожар во голем контејнер за отпадоци од суровини кои се користеле од фабриката „Леар" во Технолошко-индустриската развојна зона.

Огнот бил забележан околу 15 часот, а целосно е ликвидиран за нешто повеќе од еден час. Нема повредени.

– Тоа беше лесно запалив материјал, отпадоци од суровини кои се користеле во фабриката за производство како сунѓери и слично. Сметаме дека за брзо време е изгаснат пожарот и со тоа спречена поголема катастрофа со оглед дека контејнерот е на само три метри од фабриката, изјави Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

Во гасењето на пожарот интервенирале осум пожарникари со три противпожарни возила. Увид на местото започна да врши и СВР Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2020 01:04