Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против две лица на возраст од 60 и 55 години, кои како соизвршители сториле кривично дело „Бесправно градење“.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите се товарат дека во октомври 2019 година во Гостивар, како инвеститори граделе без одобрение за градење. Се работи за надградба четврти кат на постоечки објект.
Бесправното градење било констатирано од овластен инспектор за градежништво, кој на обвинетите им доставил решение со кое наредува инвеститорите да ја отстранат надградбата изведена спротивно на Законот за градење.