Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица кои на 24 ноември 2019 година, заедно телесно повредиле едно лице и извршиле грубо насилство.

– Откако оштетениот со своето семејство со возило пристигнал до полициска станица да пријави настан, првообвинетиот го удрил со француски клуч, а второобвинетиот со тврд предмет во пределот на главата. На настанот присуствувале повеќе лица, кај кои од стореното кривично дело било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението од ОЈО.

​Лицата се теретат дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2020 01:25