Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против едно лице кое го сторило кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетиот во декември 2019 година, неовластено заради продажба набавил 3,05 грама наркотична дрога кокаин, која потоа ја препакувал и подготвил за продажба.
Дрогата била пронајдена при извршен претрес на возилото на обвинетиот.