Поднесена е кривична пријава против 23-годишен кичевец поради производство и пуштање во промет на наркотични дроги, соопшти МВР.
– ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(23) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, посочуваат од МВР.
Оттаму информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен на 11 октомври годинава, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОВР Кичево, пронашле и одзеле 18 пакувања хероин, ќеса со марихуана, дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. На А.М. му е изречена мерка притвор.