Работник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди додека изведувал градежни работи за фирма во населбата Илинден, соопшти МВР.

– Вчера во 13:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(59) од Скопје, посочуваат од МВР.

Според пријавеното, тој се повредил додека извeдувал градежни работи за фирма во н.Илинден во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2020 21:22