Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево откако му се слошило додека возел и со автомобилот удри прво во друго возило во движење, а потоа и во дрво на улицата Рузвелтова во Скопје.

По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош билпренесен на Ургентен центар, но докторите не успеале да му го спасат животот.

Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.

Трајче Нешковски, ја раководеше Ковид-единицата во детската болница „Козле“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2020 23:47