На 14.10.2020 во 22.20 часот во Драчево, полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(37) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена марихуана и вага со остатоци од марихуана.

Д.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2020 12:57