Денеска(15.10.) околу 10.00 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле Ш.З.(28) од с.Мала Речица, осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Ш.З. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2020 16:23