Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава во однос на август лани се зголемил за 4,9 отсто.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата, во август 2020 година во однос на август 2019 година, бележи пораст кај Капитални производи за 16,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 проценти.
Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава во однос на јули лани е намален за 2,5 проценти, а во периодот јануари ‒ август годинава, во однос на периодот јануари ‒ август минатата година, се намалил за 13,7 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во август 2020 година во однос на август минатата година е намален за 3,2 отсто. Забележан е пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,2 проценти, а опаѓање кај Капитални производи за 25,4 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 процент.
Во август во однос на јули годинава прометот во индустријата на домашниот пазар е намален за 13,8 отсто, а за 3,2 отсто во периодот јануари ‒ август годинава во однос на периодот јануари ‒ август минатата година.
Наспроти падот на домашниот, прометот на индустријата на странските пазари во август годинава, споредено со август лани, бележи пораст од девет отсто. Евидентиран е пораст кај групите Капитални производи за 17,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16,8 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16,2 проценти.
Според ДЗС, прометот во индустријата на странските пазари, во август во однос на јули годинава е зголемен за 0,8 отсо, но е намален за 16,5 отсто во периодот јануари ‒ август годинава, во однос на периодот јануари ‒ август минатата година.