Со реплики и контрареплики за тоа колку биле успешни првите три пакети на антикризни мерки продолжи попладневната расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Опозицијата обвини дека успешноста на мерките е многу мала и оти тие не се креираат за да им помогнат на компаниите и на граѓаните. Обвинувањата од опозицијата се дека и проектот „Викенд без ДДВ“ дожевеал вистински дебакл.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека бројот на невработени галопирачки растат и оти согласно податоците на Агенцијата за вработување има 150000невработени лица. Корегиран е и номиналниот износ на БДП во надолна линија и според тоа буџетскиот дефицит е 8,5 проценти, место претходно проектираните 8,4 проценти, а јавниот долг е зголемен од 59,5 проценти од БДП на 60,3 проценти.

Сања Лукаревска од СДСМ во репликите на пратениците од опозицијата рече дека за една мерка дали е успешна или не, важно е дали таа им помогнала на компаниите. Посочи дека на 309 илјади граѓани им се доделени платежни картички и оти вакви картички се предвидени и во четвртиот пакет. Мерката за финансиска поддршка за исплата на плати на месечно ниво ја искористиле околу 20 илјади компании за 120 илјади вработени, а финансиска поддршка добиле и самостојните вршители на дејност.

– Ова се факти и аргументи, рече Лукаревска.

Собраниската расправа по ребалансот на БУџетот почна денеска и согласно Деловникот за работа на Собранието, може да трае најмногу 10 работни дена. Поднесени се околу 170 амандмани,.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението рече дека со ребалансот на буџетот се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности и да обезбеди стабилност на социјалните трансфери, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими пред пратениците.

Осврнувајќи се на ревидираните податоци за БДП за 2019 година од страна на Државниот завод за статистика, според кои, номиналниот БДП е корегиран во надолна насока, односно од 698 милјарди денари на 689 милијарди денари, Бесими рече дека во една ваква ситуација, се создава потреба од надолно прилагодување на проектираниот номинален БДП за 2020 година.

– Како резултат на ова, во услови на непроменето ниво на буџетски дефицит во апсолутен износ од 56,6 милијарди денари, истиот како процент од БДП изнесува 8,5 проценти, наместо 8,4 проценти. Јавниот долг во вториот квартал, кој во апсолутен износ, исто така е непроменет, но заради надолната ревизија на номиналниот БДП истиот од 59,5 проценти од БДП, со новата проекција изнесува 60,3 проценти од БДП, појасни Бесими.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари или за 4,1 проценти, односно за околу 10 милијарди денари повисоки во однос на планот.

Со ребалансот на буџетот се додаваат средства во програмата на Владата која е наменета за спроведување на дел од мерките од четвртиот сет како мерки за поддршка за исплата на плата за компании кои имаат одреден пад на приходи како последица на пандемијата, домашна платежна картичка, поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, туристички водичи, регистрирани како самостојни вршители на дејност, враќање на туристичка такса за 2019 година за остварени ноќевања, македонски викенд шопинг со МојДДВ, државна гарантна шема и царинската гаранција и грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.

Проектираниот дефицит за 2020 година, отплатата по основ на главница на надворешен долг во износ од 26,9 милијарди денари и отплатата на домашен долг во износ од 15,3 милијарди денари ќе се финансираат преку задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вреднос



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2020 20:13