Полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10), во рамки на оперативната акција „Рефлекс“ спречија влез на 252 лица-мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија и внатре, на територија на Република Македонија.

Покрај, тоа, како што веќе информиравме, во текот на вчерашниот ден беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење на мигранти.

МВР и во наредниот период продолжува со мерки и активности за спречување на илегален влез на териоторијата на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2020 13:21