Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 14 октомври, при претрес во домот на осомничениот 37-годишник во Драчево, полицијата пронашла опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 51,61 грама, спакувана во 10 зипер вреќички и во една најлонска ќеса.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2020 13:59