Парното стартуваше од 15 октомври како што е предвидено и функционира без никаков проблем. Во овој момент немаме ниту една поплака од граѓаните, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Поради реакции дека е претопло во одредени станови со висока енергетска ефиканост, како што рече, од БЕГ побарале да го оптимизираат начинот на кој тие згради ќе добиваат топлинска енергија.

-Имаме реакции дека во одредени станови кои имаат висока енергетска ефикасност во одреден период од денот се прегреваат, така што операторот најмногу го оптимизира системот, а најголем дел од поплаките особено во новоизгадените објекти е дека е претопло. Од БЕГ побаравме да го оптимизира начинот на кој овие згради со висока енергетска ефикасност ќе ја добиваат топлинската енергија бидејќи не можат да важат истите услови и за новите згради, а да важат и за постарите згради. Да не се доведуваме во ситуација да имаме станови со 25 -26 степени и граѓаните да ги отвораат прозорците, а енергијата да оди во ветер, изјави Бислимовски, по средба со претседателот на Градежната комора при ССК Ивица Јакимовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2020 14:19