Денеска (16.10.) во 10.35 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициски службеници од Отсек за потраги при ЕВР Кисела Вода и Интервентна полиција Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле Е.П.(27) од Скопје за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

За него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2020 15:23