Во СВР Куманово од почетокот на годината досега регистрирани се вкупно десет пријави на измами со набавка на огревни дрва, соопштија денеска од кумановската полиција.
Најчесто, појаснуваат од полицијата жртви на вакви измами се повозрасни граѓани.
Измамниците најчесто им ветувале дека ќе ги снабдат со огревни дрва по пониска цена. Од вкупниот број пријавени две пријави имало во јануари, една во февруари, две во јули. Најмногу пријави, односно три се евидентирани во август и по една има во септември и октомври.
Од полицијата велат дека и на формалните и неформални средби на граѓаните им се укажува како да се заштитат од овој вид измама.