Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 3 август пријавениот позајмил возило „фолксваген голф“ од М.С.(29) од Гостивар, сопственост на таткото на неговата сопруга и наместо да го врати возилото, го продал во отпад за возила во Дебар, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од 153.750 денари.