ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.К.(23) од село Обршани, Прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.

Во период од една година и шест месеци, односно до пријавување на настанот во септември 2020 година, пријавениот, во повеќе наврати од оштетената В.Г. позајмил пари во вкупна вредност од 760.000 денари, со изговор дека ќе ги врати, но не ѝ ги вратил парите.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2020 01:28