Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 326 санкции, меѓу кои 36 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 55 технички неисправни и нерегистрирани возила, 43 за управување без возачка дозвола, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 11 за користење на мобилен телефон при управување со возилото, 72 изречени мерки за непрописно паркирање, 45 возила подигнати со „пајак“.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2020 12:57