На 17.10.2020 во 14.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, за излез од Република Северна Македонија, при контрола на Е.Р.(36) од Р.Албанија, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, било констатирано дека на една страница на патната исправа имало механичко бришење на штембил, на кој имало забрана за влез во земја членка на ЕУ.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.