Полициски службеници го лишиле од слобода А.К.(30) од с.Арачиново, Скопско, кај кого при извршена контрола во патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени четири мигранти од Бангладеш.

Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера во 15.00 часот на патот Куманово – Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2020 14:47