Кривична пријава за непочитување на мерките за заштита од Ковид 19 ќе биде поднесена против угостителскиот објект во село Глумово, каде вчера беше организирана свадба со 250 гости.

Казни ќе бидат поднесени и за неносење на лична заштита на лицето, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од соопштението на МВР, објектот во кој била организрала свадбата е во сопственост на Б.Ј. (35) од Глумово.

Заедничката акција на полицијата и на Пазарниот инспекторат беше спроведена синоќа во периодот од 20 до 23:30 часот.

– Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето, се наведува во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2020 16:18