Менаџерот на Челси, Френк Лампард откри дека едвај чека да ја започне сезоната во Лигата на шампионите, бидејќи натпреварите на овој турнир му овозможуваат на него и на неговите играчи да учат од најдобрите. Во среда, „сините“ се домаќини на победникот во Лига Европа, Севиља, што ќе биде прв натпревар на европската сцена откако Баерн Минхен минатата сезона загуби во осминафиналето со вкупен резултат 1:7.

– Лигата на шампионите е одлична платформа за учење, затоа што играте против најдобрите, а во лицето на Баерн се сретнавме со најдобрите. Минатата сезона бевме многу млад тим кој имаше многу да напредува. Младите играчи се свесни за нивото на кое треба да се стремат. Го знам тоа затоа што се сеќавам и на тоа како се чувствував како млад фудбалер, изјави Лампард, кој сега има многу изменет тим од минатата сезона.

Некои од играчите што ги привлекле, продолжи тој, имаат големо искуство во Лигата на шампионите и се надева дека можат да им помогнат на оние што имаат помалку.

– Претходно кажав дека ни треба концентрација, фокус и дисциплина. Ова е уште поважно кога станува збор за Лигата на шампионите. Им го кажав тоа на играчите и се надевам дека ќе го покажат тоа против тим со квалитети на Севиља, додаде Лампард.

Нема сериозни кадровски проблеми во таборот на Челси пред мечот со Андалузијците, откако и младиот играч за врска Били Гилмор е близу до опоравување по операцијата на коленото.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2020 22:01