Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри е позитивен на коронавирусот и ќе го пропушти утрешниот натпревар против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, објави германскиот клуб.

Клубот изјави дека Гнабри е добро и дека тој во моментов е во изолација дома.

Тој е првиот играч на Баерн кој е позитивен на вирусот.

Покрај мечот со Атлетико, Гнабри ќе го пропушти и претстојниот дуел против Ајнтрахт во Бундеслигата.

Тој ги започна сите дуели од почетокот на новата сезона во германскиот шампионат, а постигна „хет-трик“ на отворањето на сезоната против Шалке.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2020 23:54