Сликата на британскиот уличен уметник Бенкси насловена „Покажи ми го Моне“ е продадена на аукција во Лондон за 9,8 милиони долари.

Првичната проценка на сликата беше помеѓу 3,9 и 6,5 милиони долари. „Покажи ми го Моне“ се однесува на делото на импресионистот Клод Моне – „Јапонски мост“, со таа разлика што природната идила, којашто е заштитен знак на францускиот сликар, кај Бенкси е место на расфрлани предмети. Колички и портокалов уличен конус се гледаат под мостот на сликата на бунтовниот уметник.

Тоа не е рекордна сума за некое дело на „кралот“ на уличната уметност. На 3 октомври минатата 2019 година, слика на Бенкси која го исмејуваше Парламентот на Велика Британија, беше продадена за 12 милиони долари.

Уметникот сè уште успева да го чува својот идентитет во тајност – никој освен неговите најблиски соработници не знае како изгледа и како се вика.

Сликите на германскиот уметник Герхард Рихтер – „Арнолд“ за 1,5 милиони долари и „Апстрактна слика“ беа продадени за 6,7 милиони долари на наддавањето на аукциската куќа „Сотби“ во средата. Сликата на Американецот Жан-Мишел Баскијат, пак – „Мал успех“ новиот сопственик го чинеше 2,9 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2020 11:42