Меѓународната невладина организација „Македонија2025" ја освои престижната награда за мал бизнис 2020 (Small Business Awards), и е прогласена за најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа.

Од организацијата соопштија дека ќе останат посветени на своите главни стратешки цели за подобрување на конкурентноста на македонските компании, зајакнување на врските со професионалната дијаспора и забрзување на развојот на лидерството.

– Почестени сме што сме добитници на оваа престижна награда. Би сакале да им се заблагодариме на сите наши спонзори, организациски членови и корпоративни партнери. Ви благодарам од сè срце, истакна Никица М. Блажевски, главен извршен директор на „Македонија2025".

„Македонија2025" е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2020 13:24