Нови 38 договори и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра од кои 29,4 милиони евра се планирани инвестиции по новите 38 договори во текот на минатаа недела се потпишани со компании согласно Законот за финансискка поддршка на инвестициите со кои се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиската поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во земјава, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Осум од компаниите или 21 отсто се од Скопје и од општините кои гравитираат кон главниот град, а другите се од: Битола, Кочани, Струмица, Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Куманово, Охрид, Струга , Штип, Боговиње, Виница, Делечво, Кавадарци и Неготино. Најголем дел од нив 53 отсто или 20 компании се мали фирми до 50 вработени, по што следуват средните компании со 26 отсто или 10 компании, пет компании или 13 отсто се мирко компании, а најмалку три компании или осум отсто се големи компании.

-Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докакажуваат дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании во земјата независно од нивната големина или местопложба. Ова се инвестиции кои компаниите ги прават во време на светска криза предизвикана од Ковид 19. Ги поздравам одлуките на овие 48 компании кои решија да реализираат нови инвестиции со што ќе продлжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, но уште поважно на меѓународните пазари, рече Битиќи вовидеоконференциското обраќање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека вкупниот инвестициски циклуси на 48-те компании изнесува 53,4 милиони евра, од кои 29,4 милиони евра се планирани инвестиции по новите 38 договори.

Потенцира дека следува постапката за поднесување на барање за исплата на финаниска поддршка за компаниите кои сега потпишаа договори, но и за оние од претходните години кои имаат повеќегодишни инвестициски деловни планови и посочи дека ќе биде исплатена до крајот на годината.

Истакна дека од 2018 година досега се потпишани 245 договори со компании според Законот за финансискка поддршка на инвестициите и рече дека во 2019 година веќе се реализирани 17,5 милиони евра од вкупниот инвестициски циклус.

-Инвестициите направени во 2019 година донесоа нови 146 работни места во овие 38 компании кои оваа година потпишуваат нови договори, а плнирано е овие компании со своите бизнис плановите да вработат 498 лица, рече Битиќи.

Во јуни годинава како дел од третиот пакет на мерки, потсети, Министерството за економија распиша јавен повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во постковид периодт што практично,како што рече, може да го земеме како дополнително зајакнување на мерки за поризводни компании кои реализирале инвестиции во 2020 година.

-Преку овој јавен повик се обезбедени 20 милиони евра за поддршка на компаниите, а во тек се евалуациите на 770 апликации од компании кои што стигнаа на повикот. Во овој момент фокусирани сме кон намалувањена штетите предизивкани од корона вирусот и на спроведување на четвртиот сет на мерки со кои ќе ги поддржиме граѓаните и компаниите во овој тежок период, рече Битиќи.

Во одговор на новинарско прашање рече дека слободно можат да дојдат вонеговиот кабинет сите компании кои се соочиле со проблеми при аплицирањето за финансиска помош за, како што кажа,да се видат нивните проблеми и да се отстранат.

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека е при крај крај евалуацијата на сите апликации за финансиска поддршка на инвестициите.

-Наредната недела комисијата која е во склоп на Министерството за економија ќе достави извештај до Владата по што ќе продолжиме со потпишување и на нови договори за инвестиции кои ќе надминат 100 милиони евра во текот на 2020 и во текот на 2021 година. Веќе трета година согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите сите домашни компании навремено знаат колку државата ќе ги помогне и на тој начин се поттикнуваат дополнително за да направат нови инвестиции, рече Бектеши.

Потенцира дека за следната година одлучиле да бидат издвоени долонителни 20 милиони евра за компаниите кои ќе имаат храбост да инвестираат во тек на ковид кризаи додаде дека до крајот на годинава ќе бидат исплатени сите средства кои се предвидени и со ребалансот на Буџетот за сите апликации од оваа година, инвестиции што се направени претходната година и согласно деловните планови ќе траат во наредните пет години.

-Во тесна соработка со Кабинетот на вицепремиерот за економскипрашања и со кабинетот на министерот за финансии и претседателот на Владата веќе работиме на изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите имајќи ги во предвид критериумите кои се моментално во тој закон за да им олесниме на нашите домашни компании за наредната година да можат да аплицираат. Ќе се олесант критеирумите што се однесува до намалување на бројот на вработени, а секако и намалување на приходите кои се предвидени како критериуми за да можат да се квалификуваат за аплицирање во Законот за финасиска поддршка на инвестииите, рече Бектеши.

За Владата, потенцира, е важно да бидат поддржани храбри компании кои ќе инвестираат, ќе креираат нови работни места, а посебно кои ќе креираат работни места што ќе бидат добро платени.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2020 15:01