Угостителите се помогнати со сите сетови економски мерки кои се усвоени од првиот до четвртиот. Во четвртиот сет економски мерки се вклучени за исплата на плати, а дополнително од први наредна година ќа има и намалување на ДДВ-то на угостителските објекти, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Ако продолжи намалувањето на работното време на угостителските објекти, посочи Бектеши, од почетокот на наредната година, ако е потребно ќе излеземе со дополнителни мерки.

Прашан дали се размислува за некоја нова помош за угостителските објекти, Бектеши рече дека тоа не важи само за угостителскиот секор, туку за сите сектори во државата и дека во зависност од тоа како кризата влијаела по сектори, од наредната година ќе се разгледа и дополнителна можност да им се излезе во пресрет.

– Во однос на финансиска поддршка на исплата на плати, почнувајќи од минимална плата и сега со последните измени тие угостителски објекти кои ќе имаат поголемо намалување на приходи ќе добиваат и минимална бруто плата. Имавме и неколку мерки кои се однесуваа само на угостителите и хотелиерскиот сектор, како што се безкаматните кредити за кои ќе имаме и нова објава, изјави Бектеши.

За барањата на ноќните клубови, Бектеши, рече дека и тие се предвидени со четвртиот сет мерки.

– На ноќните клуботи ќе им се исплати целиот износ, што го платиле, за лиценцирање за 2020 година, а секако и тие и угостителските објеки ќе може да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на минимална плата, изјави Бектеши.

За реакциите на угостителиите за намалување на работното време до 23 часот, вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, рече дека таквата мерка се однесува на угосителските објеки кои вршат услуги во самите објекти.

– Во овој момент Комисијата за заразни болести оценува дека само таму треба да има лимитирање на времетрањето на работното време до 23 часот и дека ризикот за зараза стои во тие објекти. Ако тие предочат дека е нужно преземање на нови мерки и за други оператори, секако тоа ќе го направиме, но во овој момент не се размислува во таа насока, изјави Бетиќи.

Тој посочи, дека во овој момент се фокусирани во спроведување на сите досегашни економски мерки и се прави проценка на ефектот за да се види што ќе има во следниот пакет.

– Се согласувам дека ќе треба да има и петти пакет на мерки, затоа што кажавме дека ќе бидеме заедно со сите додека не кажеме дека полека излегуваме од економската криза, како последица на КОВИД-19. Колку и да треба пакети, ќе има, само полесно да го преминеме овој период, изјави Бетиќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2020 15:18