Финансиската поддршка за исплата на платите во стопанството заради проблемите предизвикани од корона кризата ќе продолжи и во 2021 година доклку е потребно, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Законското решение е направено така што ако е потребно и ако се види во ноември или на почетокот на декември дека таа помош е потребна за стопансвото во првиот период од 2021 година, секако дека ќе може да биде продолжена, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата преку видеоврска.

Тој нагласи дека будно се следи ситуацијата и оти се во секојдневна комуникација со стопанските комори и додаде дека ќе бидат тука за да им излезат во пресрет на барањата на компниите доколку увидат дека е тоа потребно.

Прашан дали Владата рзмислува да прифати времен додаток за гарантираната минимална помош, односно нејзино зголемување, Битиќи рече дека ако е потребно ќе се зголеми минималната поддршка за исплата на плати.

-Ние веќе го подготвуваме Буџетот за 2021 година и адекватно ќе испланираме одредени финансиски средства за тоа, зашто е очигледно дека економскоздравствената криза нема да заврши на 31 декември и да има јасен пресек дека од 1 јануари ќе почне се нормално да се одвива како што беше претходно. Ќе испланираме одредени средства, а и законските решенија се креираат да излеземе во пресрет ако тоа е нужно и ако тоа го одлучиме дека е потребно да го направиме во делот на јавноприватниот дијалог со сите чинители кои се дел од Економскосоцијалниот совет, потенцира Битиќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2020 15:30