Албанскиот државен врв го осуди терористичкиот напад во Виена изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите и одлучност во борбата против насилниот екстремизам.

Преку порака на Твитер, Рама наведува дека заедничките вредности на двете земји секогаш ќе бидат посилни од кој било насилен екстремизам.

-Скршено срце од терористичкиот напад во Виена, што денес е уште повеќе срцето на наша Европа. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите. Нашите заеднички вредности секогаш ќе бидат посилни од кој било насилен екстремизам. Ние стоиме одлучно со Австрија, напиша Рама.

Во порака на претседателот Илир Мета стои дека нападот е ужасна вест, а мислите и молитвите се со семејствата на жртвите и луѓето од Виена.

-Одлучно стоиме покрај нашите австриски и меѓународни сојузници во борбата против тероризмот, напиша Мета.

Терорстичкиот напад го осуди и собранискиот спикер Грамоз Ручи, кој наведува дека терористите нападнале еден од најубавите градови во светот, а тоа покажува дека цивилизацијата е загрозена од варварството и дека напорите

на човештвото за толеранција, мир и безбедност продолжуваат да се соочуваат со мрачни импулси.

-Овие напади ги поткопуваат напорите на народите, заедниците и граѓаните да ги заштитат човечките животи од пандемијата и ни помагаат да направиме јасна разлика помеѓу оние кои се жртвуваат во име на љубовта и оние кои напаѓаат и масакрираат во име на омраза, напиша Ручи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2020 14:03