Вкупно 37 патници се спасени од брод кој потона во близина на турскиот медитерански град Аланија, соопшти Командата на Турската крајбрежна стража, јави агенцијата Анадолија.

Од туристичкиот брод кој потона извлечено е едно тело. Градоначалникот на Аланија, Адем Мурат Јуџел изјави дека жртвата е 37-годишен странски државјанин, кој не успеал да се спаси бидејќи се наоѓал во многу тесен простор.

Пловилото потонало на околу метри од брегот, а причината за бродоломот сè уште не е позната.

Спасувачките тимови на Турската крајбрежна стража се на местото на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2020 15:28