Вечерва по завршувањето на претседателските избори во САД, како и во следните неколку денови, постои голема веројатност од организирање протести и нарушување на јавниот ред и мир во поголемите американски градови, објави бугарската амбасада во Вашингтон на својот фејсбук-профил.

Поради тоа бугарското дипломатско претставништво препорача да се избегнуваат места каде што има собирање на големи групи луѓе или претходни најави за можни инциденти.

– Во таква ситуација, строго треба да се следат укажувањата на локалните власти и полицијата, наведува бугарската Амбасада во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2020 15:52