Годишните одмори на вработените во сите здравствени институции во Грција, се отповикани со одлука на министерот за здравство Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Според одлуката, што ја објавија грчките медиуми, согласно соодветните одредби, меѓу кои и онаа за справување со вонредни потреби, одлучено е, на неодредено време да се отповикаат одморите на вработените во централната служба во Министерството за здравство, во државните болници, во итната помош, во Националната организација за јавно здравје, Националните крводарителни центри, во здравствените центри, регионалните ординации и така натаму.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2020 16:11