Територијалната противпожарна единица од Гевгелија, денеска упати апел до гевгеличани, топлото и се уште суво време да го искористат за чистење на оџаците пред да почнат со грејната сезона која временските прилики секоја година по малку ја пролонгираат.

Пожарникарите велат дека за време на изминатава грејна сезона, во периодот од октомври 2019 до април годинава во гевгелискиот регион интервенирале на 20 опожарени оџаци на колективни и приватни станбени објекти кои се запалиле од нечистотија.

Командирот Игор Ризов апелираше до граѓаните да не заборават на својата законска обврска за чистење на оџаците од страна на правните и физичките лица како и да ја проверат исправноста на електричната инсталација и грејните тела кои се користат за затоплување.

Казните за недисплинираните граѓани,посочи Ризов,се движат од 500 евра за физички лица до 2.500 евра за правни лица и оти покрај паричните казни може да следуваат и кривични пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2020 13:41