Се поплочуваат тротоари и делови од четири улици во Кавадарци.

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев денеска информираа дека се работи на нов комунален проект во градот.

– Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет" денес работи на поплочување на крак од улицата „Браќа Џунови" во „Кадрово маало". Согласно проектот, се поставуваат бехатон коцки. Веднаш по завршувањето на оваa, се преминува на наредната, соседна локација, соопштија од општината.

Оттаму посочија дека во оваа кампања е предвидено и поплочување на тротоари на улиците „Авала", „Преспа" и „Беласица"



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2020 14:08