Наставник и ученик со коронавирус однесоа во изолација двајца наставници и 25 ученици во Тиквешко, заболени се тројца здравствени работници, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

– Во Кавадарци во изминатите 24 часа потврдени се 39 нови случаи со Ковид-19, на возраст од 8 до 86 години. Двајца од нив се здравствени работници. Има позитивен второодделенец од основно, како и заболена наставничка од подрачно училиште, појасни Јовановски.

Во Неготино се потврдени 11 случаи, на возраст од 26 до 76 години, еден е здравствен работник. Еден позитивен случај има во Демир Капија, на возраст од 60 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2020 18:50