Почина уште едно лице позитивно на коронавирус од Кавадарци, на скопска клиника, на возраст од 70 години, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа потврдени се нови 31 случај на позитивни на коронавирус во Тиквешко. Во Кавадарци 16, Росоман 5, Неготино 8 и Демир Капија два случаја. Заболените се на возраст од 18 до 74 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2020 02:26