На Инфективното одделение целосно е исполнет капацитетот со 54 пациенти, а исто така и на Б кракот Интерното одделение е пополнето со 15 пациенти, колку што има и кревети. Физикалното одделение кое е засебен објект на велешката Општа болница е веќе подготвено, викендов ќе прима пациенти, и ќе стане нов Ковид центар информира за МИА, докторката Весна Неделковска Николова.

Таа информира дека од минатата недела во Ковид центарот на Инфективно одделение покрај дерматовенорологот и интернисти, од велешката Општа болница самоиницијативно се вклучил и младиот д-р Атанас Ѓоргиевски, специјалист кардиолог од Велес вработен во ПЗУ Медикус од Кавадарци.

-Пример на хуманост да се помогне на своите сограѓани кога е најпотребно во битката со тешката епидемија, а што треба да го следат и други лекари, потенцира Неделковска Николова.

Инаку, во велешката Општа болница заразени се четворица лекари, од кои двајца интернисти, еден психијатар и еден доктор секундарец од одделот за анестезија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2020 02:26