Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и денеска продолжи со активностите за отстранување објекти без соодветна документација. Со денешната акција на општината се опфатени еден времен објект – трафика, кој се наоѓаше на улица „11 Октомври“, во централното градско подрачје, во близина на Црвениот Крст, како и два помошни објекти – гаражи во населбата Дебар Маало, кои исто така не поседуваат соодветни решенија за поставување.

– Откако инвеститорите, односно сопствениците, не постапиле по издадените решенија за отстранување на нелегалните градби во законскиот рок од 3 дена, општината со градежна механизација ги отстрани, а трошокот за отстранувањето ќе падне на товар на инвеститорите, соопшти Општина Центар.

За дополнително ослободување на јавните површини во Капиштец отстранети се и 11 паркинг блокатори поставени без соодветна документација на улицата „Васил Ѓоргов“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2020 17:23