Водата во Скопје е безбедна за пиење и одговара на прописите за квалитет, покажаа најновите лабораторски анализи спроведени од 7 до 11 декември 2020 година.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, земени се 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа од 42 мерни места во град Скопје.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација.